Облека запленета на Граничниот премин Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатите три седмици откриени се повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани облека, обувки, накит, мобилни телефони, кафемати, апарат за алко-тест, цигари, запалки, столарски пили, регистарски таблички и фалсификати, информираат од Царинската управа на Македонија.

Вкупно 116 парчиња облека (женски палта, тренерки, панталони, фустани, болера и комбинезони), откриени при контрола на англиски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.