Облече 15 маици за да не доплаќа за багажот во авион (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Џош Ирвин од Глазгов на својот Твитер профил поставил снимка од патување на кое тргнал со семејството, откако службениците на аеродромот на неговиот татко му рекле дека неговиот багаж е премногу тежок.

Loading...

Момчето го снимило својот татко во моментот кога на себе облекува маици и кошули, за да ја намали тежината на куферот.

– Куферот ја надмина предвидената тежина, па мојот татко извади 15 маици и ги облече врз себе за да куферот има соодветна тежина, напиша Џош на Твитер.

https://twitter.com/joshirvine7/status/1147311731263320065

Ова сепак не е прв случај луѓето да облекуваат поголем број работи за да влезат во авион.

Пред неколку месеци, извесна Натали вин платила казна од 75 евра, кога на летот од Велика Британија до Канарските острови се обидела да влезе во авионот со четири килограми облека врз себе.

– На себе имав четири фустани и два шортса, за да потоа во авионот сето тоа повторно го препакувам, вели таа за ЊузХаб.

Едно момче од Шкотска, како и Џош, во 2015 година се онесвеситло од топлина на летот од Лондон во Глазгов, бидејќи на себе имал 12 слоеви облека.

Image by Rudy and Peter Skitterians from Pixabay

Loading...

Leave a Reply