Највисокиот вештачки водопад се наоѓа на еден облакодер во Кина и висок е 106 метри.
Водопадот, кој се наоѓа во градот Гуејанг, главниот град на покраината Гуејџоу, го формираат четири големи пупми кои ја креваат водата на височина од 106 метри, пред тој да потече од едната страна ан облакодерот.
Loading...
Тоа е голем инжинерски проект, а освен тоа, прилично скап. Пумпите потребни за неговото создавање за еден час трошат околу 100 долари струја.
Поради тоа водопадот и не може постојано да се види, туку само во посебни прилики.