Облачно време со услови за слаб дожд

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта како и утринава насекаде во земјава преовладува облачно време со слаб ветер од северен правец, кој повеќе е изразен на повисоките места и планините.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб источен ветер. Во вечерните и ноќните часови во крајните јужни делови, ќе има услови за слаб локален дожд, на планините слаб снег. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи од 5 до 10 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб ветер од источен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 7 степени целзиусови. Во текот на ноќта ќе имаме облачно време со температура 1 степен во позитива.

Утре претпладне ќе има повремен локален дожд со слаб интензитет, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Во деновите од викендот ќе биде постудено со пониски дневни температури, а утринските во поголем дел од земјата ќе бидат негативни.