Облачно време со услови за провејување слаб снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде умерено, во северните делови значително облачно со услови за провејување на слаб снег на планините. Ќе дува умерен, а на југоисток повремено засилен северозападен ветер. Температурата ќе достигне од 2 до 10 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со слаби услови за дожд и снег Ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и до 20 километри на час. Максималната дневна температура ќе се исачи до 4 степен, додека во текот на ноќта температурата ќе се спушти и до -4 степени целзиусови.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен источен ветер. Утринската температура ќе се движи од  -10 до -3, а дневната од 0 до 6 степени.

До понеделник времето ќе биде претежно сончево и студено, со утрински температури кои на места ќе се спуштат и под -10 степени. Од понеделник кон крајот на денот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.