Преку ноќта времето беше претежно облачно, само во крајните источни делови имаше мала облачност. Во Полошката и Струмичката котлина, како и во местата над 800 м.н.в. имаше појава на магла.
Врнежите од дожд започнаа најпрвин во југозападниот дел од земјата, а во раните утрински часови се проширија во западните делови. Слаб дожд утрово има и во Скопската котлина.
Во текот на денот, според Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег, особено попладне и во текот на ноќта, кога врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.
Локално врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а кон крајот на денот повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне 8 степени.

