Облачно со сончеви периоди и пониски температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на повисоките места и на планините ќе бидат од дожд и снег и снег на повисоките планини. Претежно ќе бидат застапени во на јужниот дел од земјава. Ќе дува умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 0 до 5 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 8 до 14 степени целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе преовладува претежно облачно време со кратки сончеви период. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 14 степени.

Како резултата на поминувањето на ладниот фронтален систем преку нашето подрачје, утре дневната температурата на воздухот ќе опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната. Но, во јужните и југоисточните делови од земјава, предпладне сеуште ќе има повремени и слаби врнежи од дожд и снег, и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец.

Потоа се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето, велат од УХМР.