Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 6, а дневната од 8 до 14 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за слаб снег. Температурата ќе се движи од 1 степен во утринските часови до максимални пет степени.
Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка. Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови, каде ќе има услови за повремен дожд.