Објавила дека го бара мажот кој ја напуштил со децата. Луѓе на интернетот го пронајдоа веднаш!

Сподели со своите пријатели

Ешли Мекгваер од Масачусетс ги замоли луѓето на Фејсбук да ѝ помогнат да го пронајде нејзиниот сопруг Чарлс Витерс, кој ја напуштил неа и нивните две деца и престанал да контактира со нив.

Loading...

Го барала за да може да се разведе

„Минатата година, кога бев бремена со нашето најмало дете, тој одлучи дека да се биде сопруг и татко повеќе не е начинот на живот што го сака и не остави, исчезна без трага. Едното бебе го нема видено повеќе од година дена, а второто никогаш и не го запозна. Се исели од државата и го смени телефонскиот број“, напишала Ешли.

Ешли сакала развод, но тоа било невозможно поради отсуството на нејзиниот партнер.

 

 

„Се обидувам да го најдам за да го добијам неговиот потпис на неколку хартии за конечно да го затворам тој дел од мојот живот и да продолжам понатаму.

Слушнав дека сега се вика Чарли, тој е Британец и шармантен. Тој е готвач и веројатно работи некаде во угостителството. Веројатно никогаш не спомнал дека има жена и деца во Масачусетс. Ако го познавате, работите со него, сте во врска или пријатели, можете ли да му кажете да контактира со мене или да ми кажете каде да го најдам?“, напишала Ешли.

Loading...

Интернет тимот го пронашол за 14 часа

Објавата брзо стана вирална, а околу 14 часа откако таа за прв пат објави на Фејсбук дека го бара, жени ја контактираа велејќи дека се допишувале со него на апликацијата за запознавање Bumble и дека ја имаат неговата адреса и телефонски број.

Се вели дека Чарлс е во Тексас.

Ешли подоцна пријавила дека добила повеќе од доволно информации за да го лоцира.

 

@marykatherinesamples What the heck, Charlie?! #charliewithers ♬ original sound – Mary Katherine Samples