Новата снимка од надзорните камери ја покажа Гислајн Максвел, поранешен соработник на осудениот педофил Џефри Епстин, во нејзината затворска ќелија во 2020 година.
Снимките, кои се дел од неодамнешната серија објавени досиеја на Епстин, откриваат како Максвел го поминувала своето време додека го чекала судењето за обвиненијата за сексуална експлоатација на малолетници.
На снимката, објавена од американското Министерство за правда, Максвел е прикажана во портокалова затворска униформа како полни вода, средува облека за импровизирана перница, вежба и чита книга во својата ќелија.
Откако ѝ биле одземени сите лични работи, таа ја задржала само облеката што ја носела и креветот.
Максвел беше осудена на 20 години затвор за трговија со луѓе во 2022 година, а претходно беше член на високото општество и често беше видена во кругови со познати личности, вклучувајќи го и Ендру, братот на британскиот крал Чарлс.
Снимките се направени додека таа чекала решение за кауција, што подоцна било одбиено поради ризикот да побегне.
После тоа, таа беше префрлена во федерален затвор во Флорида, а потоа во нов минимален безбедносен објект во Тексас.
Во Тексас, Максвел дели ќелија со неколку други затвореници и ѝ е дозволено да се вклучи во одредени активности.
Таа, исто така, треба да сведочи пред американскиот Конгрес во врска со начинот на кој владата постапува со досиејата на Епстин.
Да потсетиме, Епстин беше пронајден мртов во својата затворска ќелија на 10 август 2019 година, а пред судењето беше приведен во поправниот центар во Њујорк под обвинение за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и заговор.

