Објавени два документа за тоа како да се стави крај на војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Ројтерс денес ја објави содржината на документ за низа предлози за тоа како да се стави крај на војната во Украина, што украинските и европските претставници ѝ го предадоа на американската страна за време на разговорите во Лондон во среда.

Loading...

Како и документ за низа предлози за ставање крај на војната во Украина што американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, им го презентираше на европските претставници за време на разговорите во Париз на 17 април.

Документ за низа предлози што украинските и европските претставници им го предадоа на американската страна за време на разговорите во Лондон во среда, а во кој имаше увид Ројтерс, наведува посветеност на целосно и безусловно прекин на огнот во воздух, на копно и на море.

Двете страни веднаш започнуваат преговори за техничка имплементација со учество на САД и европските земји, паралелно со подготовката на агендата и модалитетите за целосен мировен договор.

Мониторингот на прекинот на огнот го предводат САД и го поддржуваат трети земји, Русија мора безусловно да ги врати сите депортирани и нелегално раселени украински деца, размената на сите воени заробеници се спроведува врз основа на принципот „сите за сите“ и Русија мора да ги ослободи сите цивилни затвореници, се наведува во документот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп рече дека Русија прави отстапка со тоа што не ја окупира цела Украина

Украина добива силни безбедносни гаранции, вклучително и од САД, сè додека не се постигне консензус за членство во НАТО меѓу сојузниците, се вели во текстот, додавајќи дека нема ограничувања за украинските одбранбени сили.

Државите гаранти ќе бидат ад хок група од европски земји и неевропски земји кои се подготвени да се приклучат, нема ограничувања во врска со присуството, оружјето и операциите на пријателски странски сили на територијата на Украина, која се стреми да се приклучи кон ЕУ, се наведува во документот.

Територијалните прашања ќе бидат дискутирани и решени по целосно и безусловно прекин на огнот, а територијалните преговори ќе започнат од Линијата на контрола.

Loading...

Покрај тоа, Украина ја враќа контролата врз нуклеарната централа Запорожје со вклучување на САД, како и врз браната Каховка и ужива непречен премин по реката Днепар и контрола врз превојот Кинбурн.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Зеленски не може и не сака да се откаже од Крим?

Во текстот, исто така, се наведува дека САД и Украина спроведуваат договор за економска соработка и минерали.

Украина, се додава, ќе биде целосно обновена и ќе ѝ биде обезбедена финансиска компензација преку руски суверени средства кои ќе останат замрзнати сè додека Русија не ја компензира Украина.

Санкциите на САД воведени врз Русија од 2014 година можат постепено да се ублажат по постигнувањето одржлив мир и се предмет на обновување во случај на прекршување на мировниот договор, се вели во документот.

Во текстот за низа предлози за завршување на војната во Украина што американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, им го презентираше на европските претставници за време на разговорите во Париз на 17 април, а кој исто така го виде Ројтерс, се вели дека двете страни веднаш започнуваат разговори за техничка имплементација.

Украина добива силна безбедносна гаранција, а државите гаранти ќе бидат ад хок група европски држави плус држави надвор од Европа кои се подготвени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски воен офицер убиен во Москва: Автомобилот експлодираше (ВИДЕО)

Според тој документ, Украина нема да се стреми кон членство во НАТО, а би можела да се стреми кон членство во ЕУ.

САД де факто ја признаваат руската контрола врз Крим, САД де факто ја признаваат руската контрола врз Луганск, САД де факто признаваат делови од Запорожје, Донецк и Херсон под руска контрола, територијата во Харковскиот регион е вратена на Украина, се наведува во документот.

Loading...

Украина ја презема контролата врз нуклеарната централа Запорожје преку контрола и управување со централата од страна на САД, со дистрибуција на електрична енергија на двете страни, како и браната Каховка и ужива непречен премин низ реката Днепар и контрола врз превојот Кинбурн.

Соединетите Американски Држави и Украина ќе спроведат договор за економска соработка и минерали, Украина ќе биде целосно обновена и ќе ѝ биде обезбедена финансиска компензација, санкциите против Русија што произлегоа од овој конфликт од 2014 година ќе бидат укинати, а ќе се одвива и американско-руска економска соработка во енергетскиот и други индустриски сектори, се наведува во документот, пренесува Танјуг.