Објавени драматични снимки по падот на хеликоптер во Сибир (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Хеликоптер се запали денеска при слетување и се урна во руската република Алтај, при што загинаа шест лица, а седум се повредени.

Loading...

Ова е кажано за Спутник во регионалниот оддел на Министерството за вонредни ситуации на Русија.

– Хеликоптерот се запалил при слетување на локацијата Тјунгур во Република Алтај, а според првите податоци шест лица загинале, а седум се повредени – навеле од тој оддел.

Соопштено е дека претходно денеска локалните спасувачки служби соопштија дека хеликоптерот Ми-8 се запалил при слетување.

На социјалните мрежи се појавија тврдења дека во хеликоптерот имало руски и белоруски туристи.