Објавена снимка од соборен руски хеликоптер (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украинските власти ја потврдија автентичноста на видеото на кое се гледа „битката“ на повеќе од 20 хеликоптери, што резултираше со соборување на хеликоптер на руската авијација.

Loading...

Нападот се случил во близина на Хостомел во регионот на Киев.

 

 

На снимката се гледаат хеликоптери Ми-8 и Ка-52 како летаат од Белорусија до аеродром во близина на Киев, главниот град на Украина.

Во нападот учествувале најмалку 20 авиони, а самата „битка“ е снимена од локалното население од различни агли.

 

Loading...

 

Еден од хеликоптерите бил соборен од воздушната одбрана, а пилотот наводно бил заробен.

Роб Ли, аналитичар во Институтот за надворешни работи, изјави за Гардијан дека руските војници најверојатно се обидуваат да го заземат аеродромот.