Објавена е снимка од надзорната камера која го покажува моментот непосредно пред потонувањето на луксузната јахта која потона во понеделник наутро во близина на брегот на Сицилија во Средоземното Море.
Според сведоците, бродот потонал за помалку од една минута, а италијанската новинска агенција АНСА потврдила дека бродот не може да се спаси.
Се уште се трага по шест лица исчезнати по потонувањето на јахтата, додека телото на готвачот на бродот е пронајдено.
Меѓу исчезнатите се и сопственикот на јахтата, британскиот технолошки тајкун Мајк Линч и неговата 18-годишна ќерка Хана. Сопругата на Линч, Анџела Бакарес, е меѓу 15-те спасени луѓе.
Потрагата продолжува по Џонатан Блумер, претседател на банката Морган Стенли, Крис Морвило, адвокат во големата фирма Клифорд Ченс, и двете нивни сопруги Џуди Блумер и Нед Морвило.
Во тек е голема операција за пребарување, во која учествуваат крајбрежната стража, пожарникари, нуркачи и хеликоптери.
CCTV captures £30m Bayesian superyacht sinking “in 60 seconds” off #Sicily coast during storm
6 missing, including British tech tycoon Mike Lynch, his daughter & Morgan Stanley boss
Yacht struck by waterspout at 5am Monday. Rescue efforts hampered by depth & debris 🙏 pic.twitter.com/NKhRg4md0z
— True Crime Updates (@TrueCrimeUpdat) August 20, 2024