На социјалните мрежи се појави видео од напад на руски танкер кој превезувал хемикалии SIG во Керченскиот теснец.
За потсетување, руската државна новинска агенција Тас објави дека бродот е оштетен и дека на местото на несреќата пристигнале два влекачи.
На бродот имало 11 членови на екипажот.
Сообраќајот на мостот што го поврзува полуостровот Крим со Русија беше во прекин три часа поради нападот пред да биде обновен рано утринава.
На објавената снимка може да се види поморски дрон како се приближува до танкерот, пред снимката да се прекине во моментот на ударот.
Слично видео беше објавено и по вчерашниот напад на големиот руски десантен брод Оленегорски Горнијак на базата на Црното Море во Новоросијск, Русија.
Иако Русите тврдеа дека го одбиле нападот, се појавија снимки и фотографии на кои се гледа како шлеперите го влечат оштетениот брод.
Russian tanker “Sig” down.
Good job, boys! Keep it coming!#StandWithUkraine pic.twitter.com/QVZ0ssdiyy— olexander scherba🇺🇦 (@olex_scherba) August 5, 2023