Хамас објави вознемирувачко видео на кое се гледа Маја Шем (21), која беше киднапирана од терористичката група и одведена во Газа за време на музички фестивал, пишува Њујорк пост.
На видеото, кое беше објавено на официјалниот канал на Хамас, Телеграм, млада жена зборува хебрејски и зборува директно пред камерата, тврдејќи дека е од централен Израел.
Таа вели дека киднаперите се грижат за неа и додава:
„Само ве молам да ме извлечете одовде што е можно поскоро. Ве молам.“
Тоа е првото видео објавено од Хамас на заложничката која наводно зборува од заробеништво, со натписи дека е киднапирана на 7 октомври, кога Хамас го нападна јужен Израел.
Фестивалот беше едно од првите места на мета на Хамас кога терористичката група го изврши нападот пред 10 дена.