Објавена снимка од метеор над Хрватска (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Хрватското астрономско друштво објави снимки од метеор со силна светлина што е забележан над Хрватска.

Loading...

„Во 21:51:13 часот по Гринич (UT), на небото над Хрватска блесна многу светол метеор, 4 во Чешка и по еден во Унгарија и Словенија. Метеорот припаѓа на метеорскиот поток Српањски Пегазида, а интересен е затоа што беше многу светол, како полна месечина и затоа што видливиот дел од летот започнал на многу висока надморска височина од 170 км, што е вистинска реткост.

 

 

По ова тело нема да се трага, бидејќи од анализата на снимките можеме да кажеме дека е целосно изгорено на надморска височина од 83 километри, а трагата што ја остави зад себе ја однесоа високите ветрови за десет минути“, соопштија тие.

„Метеороидот се запали над Унгарија, блесна над Хрватска и да останеше нешто од него, ќе одеа да го бараат метеоритот во Словенија. Гореше цели 200 километри“, додаваат тие.

 

Loading...