Објавена снимка од експлозијата во која загина командантот на Црноморската флота (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руската ФСБ објави видео од експлозијата на автомобил во која загина командантот на руската Црноморска флота Валери Транковски во Украина минатата недела.

Loading...

На видеото се гледа моментот на експлозијата на автомобилот што го управувал Транковски.

Приведени две лица

Според медиумите од Украина, за „тероризам“ се приведени две лица, 38-годишна жена и 47-годишен маж, а според руските медиуми, 38-годишната жена го надгледувала Транковски, додека 47-годишниот маж е обвинет дека поставил експлозив во автомобилот.

Да потсетиме, експлозијата на автомобилот во која животот го загуби командантот на руската Црноморска флота се случи на 13 ноември во Севастопол, град во окупираниот Крим, а украинската новинска агенција РБЦ-Украина објави дека експлозијата е резултат на успешна операција на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Обвинет за воени злосторства

Валери Транковски претходно беше обвинет од Украинците за воени злосторства, откако руската Црноморска флота изврши серија ракетни напади врз цивилни цели во Украина, кои Транковски, според Украинците, ги наредил.

Егзекуциите на руски функционери обвинети за воени злосторства во последно време зачестија, а ова е трето егзекуција на висок руски функционер за еден месец.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Снимката може да биде вознемирувачка!

 

Loading...