Објавена снимка на признание од девојката на Проташевич, ѝ се заканува затворска казна од 15 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Млада Русинка, девојка на белорускиот новинар Роман Проташевич, која беше уапсена откако авионот на Рајанер принудно слета во Минск, се појави во видеото „исповед“ од затвор.

Loading...

Видеото е објавено на провладиниот канал на Телеграм во вторникот и покажува девојка како седи на стол, за која се вели дека е Софија Сапега (23), партнерка на опозицискиот активист Роман Проташевич.

На видеото, за кое се сомнева дека е направено под принуда, Сапега вели дека тој води канал на Телеграмот наречен „Црната книга на Белорусија“, кој објавува приватни информации за полицијата – кривично дело што може да ја доведе во затвор за 15 години.

 

 

Нејзиното видео за „признанието“ од затвор се појави откако беше објавено многу слично видео на Проташевич, во кое таа „признава“ дека минатата година организирал масовни демонстрации во Белорусија. Соработниците и неговото семејство по објавувањето на видеото изјавија дека признанието е присилно, пренесува „Дејли меил“.

Како што може да се заклучи од видеото, се чини дека Софија не е повредена, што не беше случај со нејзиното момче.

Loading...

Имено, неговиот татко Дмитриј Проташевич изјави дека на видеото се гледа како му е скршен носот на синот и дека тој е нашминкан за да ги сокрие модринките на лицето.

Од друга страна, нејзината мајка Ана Дудич изјави дека Софија изгледа исплашено и не зборува на вообичаен начин.

Роман и Софија беа уапсени во неделата откако авионот на Рајанер од Грција кон Литванија, каде живеат и двајцата, беше пренасочен на аеродромот во Минск, придружуван од МиГ-29, по лажен извештај за бомба.

Двајцата беа уапсени по слетувањето, а овој инцидент предизвика остра осуда од Западот.

ЕУ исто така воведе санкции кон Белорусија и и забрани да го користи европското небо.

 

 

Loading...

Leave a Reply