Откако со часови никој не знаеше што се случува со уапсената уредничка Марина Овсјаникова, која директно влета во преносот на руската државна телевизија, конечно беше објавена нејзината слика од судот.
Таа беше фотографирана во Московскиот окружен суд со адвокатот Антон Гашински, а фотографијата беше објавена на социјалните мрежи.
Претходно беше соопштено дека полицијата ги спречува адвокатите и активистите за човекови права да стапат во контакт со неа откако беше уапсена во студиото на телевизијата Првиот канал.
Државните истражители во вторникот размислуваа дали таа може да биде казнета според новиот закон кој предвидува затворски казни до 15 години, објави руската новинска агенција ТАСС, цитирајќи извор од органите на редот.
And here she is in court! Marina Ovsyannikova! https://t.co/6OHalWLRYZ pic.twitter.com/B5R5W1DtRV
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) March 15, 2022
Сепак, Би-Би-Си објави дека Овсјаник е обвинета за „организирање на неовластен јавен настан“, административна тужба што може да резултира со парична казна до 30.000 рубли (200 фунти), добротворна работа или 10 дена затвор.
Да потсетиме, Овсјаникова влета сред директен пренос од студиото и покажуваше пораки на англиски и руски јазик.
„Запрете ја војната. Кажете не на војната“, пишуваше на листот хартија што таа го држеше.