Објавена песната за долгометражниот кумановски филм „Приказ“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово доживува продукциски бум, а летово пристигнува и долгометражниот филм „Приказ“ кој е дело исклучиво на аматерска екипа од Куманово.

Loading...

Деновиве беше објавена песната „Рана“ од Јаков Мициќ – Керала, која воедно е дел од филмот „Приказ“.

 

 

– Оваа песна ќе биде дел од долгометражниот филм “Приказ” кој ќе се прикаже во текот на летото. Не знаеме точно кога ќе биде премиерата заради мерките кои ограничуваат настани во театри, културни домови и кина и бараат одреден број на посетители како и дистанца помеѓу гледачите, но се надеваме дека ова побрзо ќе стане минато за да ја реализираме нашата замисла за премиерата на филмот, вели Николај Павловски кој е еден од режисерите на спотот и филмот кој допрва треба да излезе.

 

Loading...

 

Со Јаков Мициќ- Керала, првпат работат заедно, а песната е на српски јазик со оглед дека на тој начин, вели режисерот, подобро ќе се долови реалноста во која се живее особено во Куманово.

– Се договоривме песната да биде трап и на српски бидејќи на тој начин повеќе ќе ја доловиме реалноста во која живееме во самиот филм особено во Куманово, бидејќи и самото дејство најголем дел од филмот се одвива токму тука. Реалноста е дека кај нас повеќе се слуша српското и дека особено младите генерации слушаат таков тип на музика па со тоа и таквата одлука дојде сама по себе. Инаку спотот за песната исто така го правеше нашата продукција (R)Evolution Pictures во кој огромен придонес дадоа млади ентузијасти, но дадоа поддршка и групи како Денс Студио Мак, Хотел Ресторан Лав, Гареја Магазин и Лондон Бутик и за тоа сите ние сме им благодарни, вели Павловски.

 

 

Тематиката на текстот на песната, но и самиот спот, појаснува Павловски, ќе бидат многу поразбирливи откако филмот ќе излезе и откако ќе го погледнат поголем број на луѓе.

Освен Николај, како режисер на спотот се потпишува и Марко Јовановски, кој вели дека филмот „Приказ“ е при крај и се очекува премиерата во текот на летото.

Loading...

– Јас со Николај како филмот така и спотот на песната го режиравме заедно. Јас исто така го едитирав спотот и во тек на процесот на монтажа одлучив да направам едноставни транзиции, без многу визуелни ефекти затоа што сакав да му дадеме филмски шмек на самиот спот бидејќи и тој и самата песна се за нашиот филм “Приказ” , а исто така гледав да избегам од стилот на модерните спотови на трап песните бидејќи некогаш делува претерано, вели Јовановски.

 

 

Артистот на песната Јаков Мициќ – Керала, вели дека е нов во оваа област, но песната е целосно негова креација.

– Јас сум индивидуален артист кој е нов во оваа област, но можам да кажам дека целиот свој труд го вложив во правење на битот на песната, миксањето и мастерирањето, пишување на текстот и самото пеење како и мојата изведба во спотот. Јас сум благодарен на луѓето кои ме поканија да учествувам во вакво нешто, во целиот проект, за нив и за нивниот филм, вели Керала.

 

Loading...

 

Инаку филмот „Приказ“ повторно ќе ја таргетира младата публика во Куманово, а што ќе може да се види во филмот ќе дознаеме наскоро, а во продолжение слушнете ја песната „Рана“.

 

Никола Ивановски

Leave a Reply