Објавена нова корона-мапа: Сѐ повеќе европски земји во темно-црвена зона

Сподели со своите пријатели

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) ја ажурира корона – мапата секој четврток.

Ова е најважната карта за коронавирус во Европската унија, според која земјите -членки на ЕУ усвојуваат мерки и ги одредуваат правилата за влез од одредена земја точно според бојата што земјата ја има на оваа карта.

Боите за одделни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирано население.

Loading...

Најновата мапа на корона покажува дека ситуацијата во цела Европа се менува на полошо.

Хрватскиот брег е сѐ уште портокалов, а и на Загреб сега и е дадена оваа боја. Дел од Словенија се промени од зелена во портокалова зона.

Шпанија во моментов има само еден регион кој не е во темноцрвена боја. Делови од Франција станаа црвени, па сега има само еден регион кој е сѐ уште портокалов.

Портокаловата во моментов е доминантна боја во Италија. Во поголемиот дел од Грција сега доминираат црвената и темно црвената боја, додека само една останува во портокаловата зона.

 

Loading...