Објавена најнова листа на најмоќните армии во светот: Еве каде е Македонија!

Сподели со своите пријатели

Најновиот Индекс на глобална огнева моќ за 2025 година ја анализира воената сила на 145 земји врз основа на повеќе од 60 различни критериуми, а Македонија го зазеде 112-то место.

Скоро сите соседни земји се подобри

Скоро сите земји од соседството, освен Косово, се подоброрангирани од Македонија.

Така најдобро рангирана е Грција која го зазема 30 место, следува Бугарија на 62 и Србија едно место подолу.  Албанија се наоѓа на 78-та позиција,  а Косово е на 141 место и е најлоши рангирана во регионот.

Од остантите земји во опкружувањето Хрватска е 74та, Словенија 96та и најлошо позиционирана е Босна и Херцеговина на 132 позиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп се соочува со остар прием во Давос

Соединетите Американски Држави (САД) ја задржуваат својата позиција како водечка глобална воена сила, со најголем буџет за одбрана во светот што ги надминува комбинираните буџети на неколку други водечки земји.

Русија е на второ место, а Кина е на трето место. Четвртото место го зазеде Индија, а петтото Јужна Кореја.

Во последните пет на листата се Косово, Сомалија, Централно Африканската Република, Бенин и Бутан.

Целата анализа може да ја погледнете ТУКА.