Списокот кој покажува во која земја мажите се најмногу надарени со „гордост“ секогаш предизвикува возбуда.
Ги имаше доста, а најзапаметена анкета секако беше онаа што ја спроведе веб-страницата „All Sizes Matter“ во која беа опфатени 143 земји.
Според таа мапа, Македонците се на 63то место од 143 земји, што значи дека сме малку над просекот, односно 1,4%.
Просечната должина на половиот орган кај Македонците изнесува 14 сантиметри во должина и 12 сантиметри во обем.
Овој пат студијата ја спроведе онлајн аптеката „From Mars“, која користела податоци на Google од 80 земји за да утврди каде се најмногу надарени мажите.
„Без разлика дали мажите се загрижени за големината или обликот, повеќето од нас во одреден момент се запрашале дали нашиот пенис е доволно голем. Големината може да има влијание врз самодовербата и сликата за себе“, вели фармацевтот Навин Косла, еден од авторите на учењето.
Како стојат нашите соседи?
Од четири наши соседи (нема статистика за Косово) сите се подобри од нас освен Грците.
Србите се на 35та позиција со просек од 14,8 сантиметри во должина и обем од 12,7 сантиметри.
Бугарите имаат просек од 14,1 сантиметри и се на 57та позиција, а со 14 сантиметри должина и 12,2 сантиметри во обем се Албанците.
Единствени под нас се Грците кои се рангирани на 128та позиција со 12,2 сантиметри просечна должина на пенисот.
Каде живеат најнадарените мажи?
Излезе нова карта и судејќи според она што го покажува, изгледа дека мажите од Еквадор имаат со што да се пофалат.
Нивната просечна еректирана големина е 17,61 сантиметар, што е за околу 10 отсто повеќе од просечната должина.
На второ место се мажите од Камерун, со големина од 16,67 см, а на третото од Боливија со 16,51.
Холандија е единствената европска земја која се најде во првите 10 на листата. Тој го дели седмото место со Кубанците (15,87 см).
Кој има најмали?
Најмали пениси имаат мажите во Камбоџа или само 10,04 сантиметри, по што следуваат Мјанмар со 10,7, Филипини со 10,85, а листата ја продолжуваат Шри Ланка, Хонг Конг, Бангладеш, Тајланд…