Експерти од компанијата XDI направија проценка на ризикот од климатски промени за повеќе од 2.600 региони и земји ширум светот, вклучително и Македонија.
Тие користеле климатски модели и временски податоци за да ја проценат економската штета што би можела да ја предизвика зголемувањето на температурите до 2050 година, пишува CNN.
Истражувањето се заснова на зголемување на температурите за три степени целзиусови до крајот на векот, според сценариото на Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени.
Податоците покажаа дека на некои глобални економии им се закануваат катастрофални опасности, како што се подигање на нивото на морето, поплави на реките и шумски пожари, што може да ги намали цените на недвижностите во областа.
Најкритично е во кинеската провинција Џиангсу, а потоа во соседните Шандонг и Хебеи.
Флорида е рангирана на 10-то место, Калифорнија е на 19-то место, а Њујорк е на 46-то место.
Девет региони од Индија се исто така меѓу првите 50 најранливи области во светот.
Меѓу повеќе од 2.600 региони и земји, Македонија е на 514 место, Босна и Херцеговина го зазеде 316. место, Хрватска 329. Црна Гора 1316. Што се однесува до Србија, беа издвоени неколку региони, меѓу кои и градот Белград, кој го зазеде 1179. место.
Инаку, што се однесува до Европа, најчувствителен на климатските промени е германскиот регион Долна Саксонија (56 место).
Италијанскиот регион Венето, каде се наоѓа Венеција, е рангирана како четврта најзагрозена област во Европа, пренесува Index.hr.
Целата листа погледнете ја ТУКА.