Според истражувањето на германскиот портал Promiflash, направена е нова листа на моментално најпосакуваните мажи на денешницата, а на списокот со 25 имиња се наоѓаат многу млади и до неодамна релативно непознати лица.
Секако, сите се најзаинтересирани за првите пет имиња, меѓу кои има и актери кои глумат во некои од најпопуларните серии и филмови на денешницата.
На петтото место беше 24-годишниот Ноа Сентинео. Овој млад и впечатлив актер ги освои срцата на обожавателите во филмската серија „To All the Boys I Loved Before“.
View this post on Instagram
Четвртото место му припадна на сопственикот на една од најубавите насмевки во Холивуд, 37-годишниот Хенри Кавил, кого публиката најдобро го познава како Супермен или „The Witchera“ од истоимената хит серија.
View this post on Instagram
Третото место на најпосакуваните мажи на денешницата му припадна на 23-годишниот Џејкоб Елорди, кој се прослави по улогата во филмската серија „The Kissing Booth“.
View this post on Instagram
30-годишниот Италијанец Мишел Мороне се здоби со светска слава во еротскиот трилер „365 дена“, па не е ни чудо што тој беше на самиот врв на оваа листа.
View this post on Instagram
И првото место го потврди она што се зборуваше веќе неколку месеци, а тоа е дека 31-годишниот Реге-ан Пејџ е најпосакуваниот маж денеска, благодарение на серијата „Бриџртон“ што го полуде целиот свет.
View this post on Instagram
Дали се согласувате со овој избор и на кој од нив би го дале својот глас за титулата најпосакуван маж на денешницата?