Објавен списокот за најлоши лозинки во 2019 година

Сподели со своите пријатели

Компанијата за управување со лозинка SplashData објави список со најлошите лозинки за 2019 година врз основа на повеќе од пет милиони лозинки што се појавија преку интернет во изминатата година, или оние што протекоа по хакерски напади.

Loading...

Главниот извршен директор Морган Слејн вели дека со објавување список со најлоши лозинки секоја година, тие сакаат да ги алармираат корисниците за опасностите што демнат на интернет и дека мора да се преземат чекори за да се заштитат нивните сметки.

Тој додаде дека ситуацијата се чини дека се подобрува и корисниците со текот на времето почнале да користат посложени лозинки, но хакерите честопати се уште пред нив и можат да детектираат едноставни алфанумерички модели што се користат во обид да се заштитат сметките.

Најлошата лозинка користена за „заштита“ на сметка во текот на 2019 година е 123456, додека втората најлоша е 123456789.

Во однос на минатата година, SplashDate посочува дека повеќе „Donald“ не е меѓу првите 25 најлоши лозинки, но популарна станува лозинката „dragon“.

Еве листа на првите десет најлоши лозинки користени во 2019 година:

1. 123456

2. 123456789

Loading...

3. qwerty

4. password

5. 1234567

6. 12345678

7. 12345

8. iloveyou

9. 111111

10. 123123

Loading...

Leave a Reply