Објавен е индексот на пасоши Хенли, рангирање на светски пасоши според бројот на дестинации до кои нивните носители можат да патуваат без претходна виза.
Индексот се базира на ексклузивни податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) – најголемата и најточната база на податоци за патувања – и е дополнително збогатен со истражување од тимот на Хенли.
Индексот вклучува 199 различни пасоши и 227 различни дестинации за патување.
Пидесталот на ова рангирање сè уште го држи Сингапур, чиј пасош гарантира влез во дури 193 земји во светот.
На второто место се Јапонија и Јужна Кореја, додека на третото место се Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија и Шпанија.
Македонија се наоѓа на 38 позиција, што е значително подобрување во однос на лани кога сме биле 45ти. Со македонскиот пасош може да се патува во вкупно 130 земји од светот без виза.
Ова е една од подобрите позиции кои ги имал македонскиот пасош. Подобро рангирање сме имале само во 2014 година кога сме биле на 34 позиција.
Никола Ивановски