Миа Калифа, поранешна sвезда од филмовите за возрасни, која во меѓувреме стана гласен критичар на индустријата, беше обвинета за антисемитизам откако објави фотографија на која пие француско вино од 1943 година и го критикува израелскиот „апартхејд“.
„Моето вино е постаро од вашата „ држава на апартхејдот“, напиша Миа Калифа во објавата на Твитер, на која се гледа како пие шише шампањ „Шарл Хајдук“ од Франција.
Сепак, некои корисници на социјалните мрежи ја обвинија Калифа за антисемитизам затоа што пие „нацистичко вино“ – истакнувајќи дека Франција била окупирана од нацистичка Германија во 1943 година.
„Вие пиете вино произведено во 1943 година во нацистичка Франција, негирајќи илјадници години еврејска историја во нашата татковина. Мило ми е што најдовте совршено здружение за вашиот антисемитизам”, коментира израелскиот писател Хен Мазиг, додека американскиот конзервативец Џек Пособијец праша : „Кој владееше со Франција во 1943 година кога се произведе тоа вино?”
My wine is older than your apartheid “state” pic.twitter.com/CTpAitpKZP
— Mia K. (@miakhalifa) May 30, 2021
Главниот и одговорен уредник на Вашингтон егзаминер, Сет Мандел ја обвини Калифа за „исмевање на еврејската држава“ затоа што пиела „нацистичко вино произведено за време на холокаустот“.
Иако Франција била окупирана од нацистичка Германија во 1943 година, шишето на Калифа имало англиски текст, содржело упатувања на Велика Британија и ја прикажувало етикетата „Со договор со неговото височество кралот Џорџ Шести“ – што укажува на тоа дека шишето е наменето за британскиот пазар.
По критиките, Калифа ги негираше обвинувањата за антисемитизам, истакнувајќи дека виното има „кралски корени од неговото височество кралот Џорџ Шести“ и дека Велика Британија „не била дел од нацистичката моќ од 1943 година“.
Друг корисник на Твитер тврди дека 1943 година „била година на жетва“ и дека „ќе се флашата е наполнета најрано во јануари 1944 година“, каде потоа би остарела „не помалку од 18 месеци“.
„Значи, етикетата со приказ од 1943 година била залепена дури кон крајот на 1945 година“, тврди корисникот на оваа мрежа.
Франција беше ослободена од германската окупација во август 1944 година.
Wine is illegal in Gaza. So is porn. But when are you returning to your narco-terror state Lebanon? You sure you’ll be welcomed there with your past?
— FJ (@Natsecjeff) May 30, 2021