Loading...
Колку појадокот навистина влијае врз тежината…Многу пати сме слушнале дека е најдобро денот да се почне со лесен оброк, овошен појадок или житарки. Иако сите стручњаци се сложуваат дека појадокот е важен оброк што не смее да се прескокне, истражувањата сепак даваат различни резултати за тоа дали обилниот појадок помага или одмага при намалувањето на тежината.
Новото истражување објавено во “Journal of Obesity”, опфатило 1.600 жени во средни години со вишок на килограми, поделени во две групи. Едната група ги конзумирала повеќето неопходни дневни калории за време на појадокот, додека пак другата го правела тоа за време на вечерата.
Оние кои јаделе обилни појадоци изгубиле во просек околу 10 килограми за три месеци. Учесничките кои конзумирале полесен појадок изгубиле околу 4 килограми за ист временски период.
Меѓутоа, повеќето студии се неодлучни по ова прашање. На пример, истражувањето што е спроведено на универзитетот Корнел покажало дека со премногу лесен појадок или со негово прескокнување се избегнуваат околу 408 калории дневно, но почесто се јавува чувство на глад.
Генерален заклучок е дека постои врска помеѓу појадокот и губењето на килограми и зависи од тоа што јадете, како и во кои количини.
Бидете умерени во се.