Обидот за заземање на Киев е самоубиство, тврди советникот на Зеленски

Сподели со своите пријатели

Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович во вторникот изјави дека еден од главните приоритети на Русија е да ја преземе контролата врз украинскиот главен град Киев, но обидот да се направи тоа е „самоубиство“.

Тој, исто така, во телевизиско интервју рече дека „активните непријателства“ меѓу Украина и Русија би можеле да завршат во рок од 2-3 недели.

По неколкудневни борби, украинските сили ја вратија контролата врз Макарив, град на околу 50 километри западно од Киев, објавија во вторникот на Фејсбук украинските вооружени сили, објави Си-Ен-Ен.

 

Зеленски виртуелно ќе се обрати пред јапонскиот парламент

 

„Државното знаме на Украина беше подигнато над градот Макариво додека Русите се повлекуваа“, се вели во соопштението. Си-Ен-Ен не можеше да го потврди тврдењето на украинските сили.

Макарив претрпе значителна штета во руските воздушни напади.

Градоначалникот на украинскиот град Бориспил, во близина на кој се наоѓа меѓународниот аеродром, во вторникот ги советуваше цивилите да го напуштат градот доколку можат поради борбите во близина.

 

Градоначалникот на Бориспол ги повика цивилите да го напуштат градот

 

Во видео обраќање, градоначалникот Володимир Борисенко рече дека борбите се водат во регионот на Киев каде што се наоѓа Бориспил.

„Сега нема потреба да се биде во градот бидејќи има борби во околината. Апелирам до цивилното население да биде мудро, да се пријави во нашиот кол центар и да го напушти градот штом ќе се укаже прилика“.