Обидот за евакуација на цивили од Мариупол не успеа, двете страни се обвинуваат

Сподели со своите пријатели

Не успеа и денешниот обид да се организира хуманитарен коридор од Мариупол, а проруските сепаратисти и Украинската национална гарда меѓусебно се обвинуваат за кршење на привременото примирје, објавија дел од украинските медиуми.

Телевизијата Украина 24, како што јави Гардијан, прикажа борец на Националната гарда на Азов, кој рече дека руските и проруските сили кои го опколиле пристанишниот град со околу 400.000 жители продолжиле да ги гранатираат областите кои наводно биле безбедни.

 

Ердоган му порача на Путин: Итен прекин на огнот во Украина

 

Новинската агенција Интерфакс цитираше претставник на сепаратистичката администрација од Доњецк кој ги обвини украинските сили дека не го почитуваат ограничениот прекин на огнот.

Претставник на сепаратистите изјави дека само околу 300 луѓе го напуштиле градот. Украинските власти претходно соопштија дека планираат да евакуираат повеќе од 200.000 луѓе од Мариупол.