Засега непознат напаѓач денеска околу 12 часот пукаше во досегашнито министер за здравство, Никола Тодоров пред зградата на ресорното министерство.
Од полицијата не кажуваат кој е напаѓачот, ниту дали Тодоров е повреден, меѓутоа од снимките на ТВ 21 се гледа дека е приведено едно лице.
Според очевидците станува збор за човек на околу 50-годишна возраст, кој се обидел да пука во Тодоров, меѓутоа интервенирало неговото приватно обезбедување и истиот бил совладан. Тој му се приближил на екс министерот и му вперил питол во глава, нешто му кажал, по што обезбедувањето го турнало и биле испукани три куршуми.
Според неофицијални информации, кои ги пренесуваат националните медиуми, станува збор за дедо на малата Тамара која почина од цироза.
Настанот се случи при примопредавањето на министерскиот кабинет.
Loading...