Во текот на минатите две недели, царинските службеници од граничниот премин Табановце автопат, спречија два обиди за криумчарење дрога.
Во првиот случај, при контрола на романски автомобил, управуван од романски државјанин, пријавен за излез од државата, спречен е обид за криумчарење на околу 80 грама марихуана. Дрогата е пронајдена во жолта најлонска кеса, облепена со самолеплива бела лента, сокриена позади екранот за контрола на внатрешната климатизација за возилото.
Loading...
Во вториот случај, при контрола на патничко комбе со англиски таблички, управувано од норвешки државјанин, пријавено за излез од државата, спречен е обид за криумчарење 5 исперфорирани споени ливчиња, со лого Smiley, од наркотичка дрога од видот LSD. Ливчињата се пронајдени во кожен несесер, сместен во платнен несесер со три прегради, закачен на задната врата на возилото.
Двата случаи се предадени на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа, за понатамошна постапка.
Околу 500 затворачи за чешми, 100 рачки за врати и 90 автоделови, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на едно патничко и едно товарно возило, пријавени за влез во државата.
Во првиот случај, при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, во осум картонски кутии сместени на креветите во кабината на возилото, биле пронајдени 500 бесконечни затворачи за чешми, 100 рачки за врати и 76 автоделови (ротор за алтернатор, автомат и бендекс за анласер, четкички, реглери и диодни плочи).
Loading...
Во вториот случај, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, во две картонски кутии сместени во багажникот на возилото, биле пронајдени 14 автоделови (фарови, задни светла, амортизери со спирали и светилки).
Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани а против возачите се поведени соодветни постапки.