Обид за шверц на делови за автомобили и велосипеди на Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во два одвоени случаи Царинската управа на Република Северна Македонија изминатите две недели заплени повеќе делови за автомобили и велосипеди.

Loading...

Вкупо 134 употребувани и нови автоделови за патнички возила марка VW Golf (ламели, летви, клапни за карбуратори, пумпи за гориво, шепи за кочници, инструмент табли и турбини), откриени при контрола на германски автомобил со кој за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, се пријавиле двајца македонски државјани. Непријавените автоделови, пронајдени позади предните седишта и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка, велат од ЦУРМ.

Во вториот случај, при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, биле пронајдени 12 тркала и 6 рамки за велосипеди, кои биле прицврстени со ремени за товар за шасијата под приколката.

Leave a Reply