Обид за напад на Врховниот суд на Бразил, осомничениот бомбаш пронајден мртов

Сподели со своите пријатели

Неидентификуван маж синоќа се обидел да ја нападне зградата на Врховниот суд на Бразил во главниот град Бразилија, соопштија властите, додавајќи дека напаѓачот бил пронајден мртов по две експлозии во кои немало повредени.

Loading...

„Прво се случи експлозија на автомобил, потоа едно лице се приближи до Федералниот врховен суд, се обиде да влезе и експлозијата беше пред влезот“, рече гувернерката Селина Леао.

Според првичните информации, напаѓачот кој имал експлозив на себе бил сам.

Неговиот идентитет не е утврден, а истрагата е во тек.

Обидот за напад се случи една недела пред самитот на Г20 во Рио де Жанеиро.