Обид за измама на четири повозрасни жени во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири повозрасни жени во Куманово биле мета на измамниците со лажни сообраќајни несреќи, но за среќа ниту една од нив не наседнала.

– На 10.11.2025 во СВР Куманово биле пријавени четири обиди за измами. Според пријавеното на четири повозрасни жени едно лице им се јавило на телефон и им кажало дека членови од нивното семејство биле прегазени во сообраќајна несреќа и ќе биде потребна одредена сума на пари за операција, но тие се посомневале во точноста на информацијата и пријавиле во полиција, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од кумановската полиција апелираат до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Спомен Костурница одбележани 81 годинa слободно Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски