Засега непознат сторител вчера се обидел да ограби менувачница во Куманово.
Loading...
– На 15.03.2021 година во 18.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во менувачница на улица „Илинденска“ во Куманово едно лице со закана кон вработената се обидело да одземе пари од дневниот промет, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според пријавеното, откако вработената успеала да ја затвори сигурносната врата и да повика помош, лицето побегнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски