Обединетите Арапски Емирати ќе прифатат 5.000 авганистански државјани кои избегаа од таа земја на пат кон трети земји, објави денеска амбасадата на ОАЕ во САД.
Граѓаните на Авганистан, кои ќе ги прифатат ОАЕ, ќе патуваат со американски авиони од Кабул во наредните денови, објави амбасадата.
Талибанците минатата недела ги окупираа сите поголеми авганистански градови, вклучувајќи го и главниот град Кабул, додека во четвртокот тие го прогласија Исламскиот Емират Авганистан, во кој ќе бидат во сила строгите исламски шеријатски закони.
Ситуацијата во земјата во моментов е критична, бидејќи десетици илјади Авганистанци се обидуваат на секој начин да ја напуштат земјата од страв од новите талибански власти.

