НВО: Бројот на егзекуции во Иран е зголемен за 75 отсто

Сподели со своите пријатели

Бројот на егзекуции во Иран се зголемил за 75 отсто во 2022 година во споредба со претходната година, а 582 егзекуции биле извршени со бесење, објавија две организации за човекови права.

Loading...

Тие ја осудија, како што ја нарекоа, „машина за убивање“ чија цел е „влевање страв“ во земјата.

Бројот од 582 егзекуции е највисок во Иран од 2015 година.

Во 2021 година, 333 луѓе беа егзекутирани во земјата, според невладината организација Иран за човекови права (IHR) со седиште во Норвешка и организацијата со седиште во Париз Заедно против смртната казна (ECPM).

Иранскиот режим уште еднаш ја употреби смртната казна како крајно средство за заплашување, со цел да ја одржи стабилноста на својата влада, оценија двете невладини организации во заедничката изјава.

Во Иран од септември минатата година со недели се одржуваат масовни демонстрации поради смртта на младата Махса Амини додека беше во притвор, откако таа беше уапсена поради непочитување на многу строгиот кодекс на облекување на жените во земјата.

Иранските власти насилно ги задушија протестите, а четири бесење беа директно поврзани со нив, што наиде на осуда во странство.

„Со цел да се влее страв меѓу населението и младите кои протестираат, властите ги интензивираа егзекуциите на затвореници осудени од неполитички причини“, рече претседателот на ИЧП, Махмуд Амири Могадам.

Loading...

Тој рече дека е неопходно меѓународната заедница и граѓанското општество активно да покажуваат противење секогаш кога некој ќе биде погубен во Иран, „да се уништи машината на смртта, воспоставена од иранскиот режим“.

Во извештајот се наведува дека околу сто затвореници сега се или на смртна казна или на обвиненија за кои е предвидена смртна казна.

Според извештајот, значително е зголемен бројот на смртни казни во случаите на трговија со дрога.

Повеќе од половина од егзекутираните по почетокот на демонстрациите и 44 отсто во целата 2022 година се поврзани со проблеми со дрога.

Тоа е двојно повеќе од 2021 година и десет пати повеќе од 2020 година.

Авторите на извештајот ја осудуваат Канцеларијата на ОН за дрога и криминал за нејзината неактивност.

Тие бараат укинувањето на смртната казна за кривични дела поврзани со трговија со дрога да биде услов за идната соработка меѓу организацијата на ОН и Иран.

Во извештајот се наведува и дека припадниците на сунитското, курдското и арапското малцинство се несразмерно осудени на смрт.

Loading...