Нухиу: Регионалната соработка неопходна за борба против тероризмот

Сподели со своите пријатели

Не е веќе клучно прашањето дали е потребна соработка, туку како и на кој начин заедно да ја интензивираме, концептуализираме и систематизираме во интерес на националната, регионалната и генерално, меѓународна безбедност, рече заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на регионалниот семинар „Заедничката регионална соработка во југоисточна Европа во борбата против финансискиот криминал, со посебен фокус на перењето пари и финансирањето на тероризмот“.

Се она што заедно го минавме изминативе неколку години, вклучително и по однос на терористичките закани, додаде Нухиу, повеќе од кога и да е не упатува едни на други, нужно наметнувајќи ги кооперативноста, солидарноста и координацијата како фундаментални принципи за градење занички стратегии за соработка.

– Тероризмот денес и по својата форма и по својата содржина, ги надградил сопствените потенцијали, особено глобализирајќи ја својата, идеолошка подлошка како наднационална, со што драстично ги видоизменил и инфраструктурните, логистичките па дури и техничките перформанси во делувањето, истакна заменик-министерот.

Елаборира и зошто е неопходно заедничко ангажирање, коперативност за поефикасна борба и превенција од финансискиот криминал и тероризмот, посилен, подетален и посеопфатен фокус кон криминогените финансиски операции. – Не само заради лоцирање на овој сам по себе облик на криминал, туку и за лоцирање на трагите што можат да не одведат на теренот на терористичкот делување, дополни Нухиу.

На регионалниот семинар што денеска и утре се одржува во Скопје, а е во коорганизација на мисијата на ОБСЕ во Македонија и Италијанската амбасада во РМ, претставници на владини институции, меѓународни организации и експерти од областа на финансискиот криминал од земјите на ЈИЕ разговараат на повеќе теми од областа на финасискиот криминал со посебен акцент на финасисрањето на тероризмот.

Извор: МИА