Во текот на месецот септември 2023 година ќе биде организирана биеналната изложба на скулптури „Скулптури на новото време 2023”.
Проектот е подржан од Министерството за култура на РС Македонија а организатор и координатор на сите активности врзани за оваа изложба е Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово.
На изложбата учество можат да земат сите академски скулптори кои живеат и работат на територијата на РС Македонија.
Секој академски скулптор – учесник може да учествува најмногу со три скулптури.
Темата е слободна како и изборот на техниката и материјалот.
Авторот има обврска со приложените скулптури да достави и своја фотографија и биографски податоци кои би се отпечатиле во каталогот посветен на оваа изложба.
Скулптурите да не се со поголеми димензии од димензијата – 70х70×70 см., и да се погодни за транспортирање како и да се изработени во периодот 2020-2023 год.
Изложбата ќе се организира во текот на месецот септември 2023 година во Куманово.
По завршувањето на изложбaта скулптурите ќе бидат вратени на авторите.
– Поради навремени подготовки ги молиме сите заинтересирани академски скулптори (вајари) своето учество да го најават најдоцна до 20.08.2023 година, апелираат од НУЦК „Трајко Прокопиев“.
Лица за контакт: Роберт Цветковски, м-р Зоран Арсовски, Миранда Беќири Фазлиу, тел. 031 415 099
Интегрално соопштение