НУЦК „Трајко Прокопиев“ ја започна постапката за обнова на системот за греење

Сподели со своите пријатели

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово ја започна постапката со која ќе се обновува системот на греење и ладење, кој не функционира повеќе од 10 години, откако дел од опремата беше украдена.

Loading...

На системот за јавни набавки е распишан оглас за изработка на проектна документација за основен проект за реконструкција на системот за греење,надворешен гасоводен цевковод и изградба на нова гасна топловодна котлара.

Засега не е познато колку ќе чини изработката на проектот, но истиот ќе биде платен од средства на самата установа.

– После 20 години немање на греење ја започнуваме постапката  преку која очекуваме конечно да се овозможи НУЦК да биде функционална институција во текот на сите 12 месеци во годината, вели директорот Сашо Тодоровски.

Инаку пред повеќе од една деценија некој го украл системот за централно греење, па установата често беше принудувана во зимските месеци да ги одложува настаните, или да ги одржува во студени простории. На тој начин трпеа и граѓаните, но и самиот Центар за култура кој губеше квалитетни проекти, поради неможноста да се реализираат во соодветни услови.

Leave a Reply