Премногу пцуете иако знаете дека би требало да внимавате на речникот, едноставно не можете да престанете?
Проблемот, според научниците, е во тоа што сте искрена личност.
Истражувањето кое е објавено во магазинот „Social Psyćological and Personality Science“ покажало дека оние кои се склони кон пцуењето всушност се многу самодоверливи и поискрено од оние кои пцовките не ги користат во своето изразување.
Во истражувањето учествувале 276 лица, а учесниците морале да ги напишат „омилените“ пцовки и да откријат во кои ситуации ги користат.
Исто така, задача им било пцовките да ги поврзат и со чувствата кои во моментот на нивното искажување ги имаат. Покрај тоа морале да пополнат тест со кој откриле колку често и во кои ситуации лажат.
Со споредување на резултатите откриено е дека лицата кои помалку лажат, повеќе пцујат. Затоа, ако некој во иднина ви приговори поради пцовките, секогаш можете да се одбраните со тоа дека само сте искрени.