НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ го прославува патрониот празник

Сподели со своите пријатели

Националната Установа Центар за култура по повод патрониот празник и 109 години од раѓањето на композиторот и диригент Трајко Прокопиев, чие име го носи институцијата, вечерва со почеток во 20 часот, организира концерт на кој ќе настапи хорот „Света Злата Мегленска” и диригентот Летка Димова Полизова. На програмата ќе бидат изведени дела од Прокопиев, Скаловски, Шуплевски,Лековски, Вивалди, Брајан, Семпер, Кинг, Граси.

„Ги покануваме Кумановци да дојдат, да го проследат концертот и да уживаат во изведбата на делата, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Македонскиот композитор Трајко Прокопиев роден е на 6 ноември 1909 година во Куманово. Како композитор на класична музика, диригент и автор на филмска музика, познат е по употребата на историски, митолошки и народни мотиви од културната ризница на македонскиот народ во неговите дела.

По дипломирањето на музичката школа во Белград го продолжува школувањето на Прашкиот конзерваториум. Работи како композитор и диригент. Добитник е на повеќе награди меѓу нив и Октомвриската награда на Република Македонија за животно дело, а со хорот „Кочо Рацин” првата награда на Осмиот интернационален фестивал на хорови во Горица, Италија.

Оставарува богато петдецениското творештво, компонирајќи вредни дела, хорски композиции, балет, антологиски опери, филмски музички дела, камерни композиции, базирани на теми и ритмички структури на богатото македонско фолклорно наследство.

Leave a Reply