Новата социјалдемократска партија денеска на прес конференција упати порака до граѓаните на Општина Куманово дека претстојат избори кои се поразлични од сите до сега, затоа што како што велат треба да се каже доста за криминалот и корупцијата на досегашната власт.
Почитувани сограѓани новасоцијалдемокартска партија како коалиционен партнер во победничката коалиција предводена од СДСМ вложува максимален напор со цел да се сруши овој тоталитарен режим. Застанавме зад заедничката програма. Имаме план за живот во Македонија. Имаме план кој ќе ја врати вербата и достоинството на народот. Ние како опшѓтинска организација на нсдп во Куманово со наше максимално залагање и посветеност сакаме да допреме до секој граѓанин на Куманово да покажеме и да ве увериме дека има надеж и иднина во оваа држава. Затоа Ве повикувам сите заедно сплотени најмасовно до сега на 4-ти декември 18 часот пред владата на република Македонија да излеземе на најголемиот до сега граѓански митинг на победниќката коалиција предводена од сдсм затоа што имаме план во живот во Македонија и воедно да им кажеме на Груевски и фамилијата дека со нив веќе е завршено – рече Свето Петрушевски, НСДП.

