НСДП Куманово утре ќе избира делагати за партискиот конгрес
On:
Сподели со своите пријатели
Општинскиот комитет на Нова социјалдемократска партија на Македонија од Куманово утре со почеток во 12 часот ќе оджри партиска конференција на која ќе бидат избрани делегатите за претстојниот четврти по ред Конгрес на партијата кој треба да се одржи на 13 мај годинава.
Воедно, како што брифираше денеска Фросина Стевановиќ од НСДП Куманово, на утрешната конференција ќе бидат утврдени и предлозите за претседател на партијата и членови на надзорен и централен одбор.
– Нова Социјалдемократска партија на Македонија опстојува веќе 12 години на политиката сцена во Република Македонија. Нашата држава е обликувана од различни култури, вредности и интереси. Како левоориентирана партија сакаме, се трудиме и настојуваме овие различности да ги интегрираме врз основа на нашите базични принципи водени од идејата и желбата за создаавање на подобри услови за живот на секој граѓанин во општество со еднакви можности за секого, подобрување на социјалната, економската состојба во државата, учествуваме во сите изборни процеси, во сите активности и реформи кон постигнување на оваа оваа цел, рече Стевановиќ.
На конференцијата се очекува да присуствува и првиот човек на Новата социјалдемократска партија, Тито Петковски.