Канцеларијата на генералниот инспектор на Националната агенција за безбедност (НСА) започна истрага за наводите за шпионажа во американските медиуми.
Не е прецизирано кој новинар и кои медиуми биле предмет на шпионажа, пренесува Ројтерс, но потсетува дека новинарот на Фокс њуз, Такер Карлсон, пред неколку месеци тврдеше дека има информации дека НСА ја следи неговата комуникација.
Кон крајот на јуни, НСА јавно ги отфрли обвинувањата на Карлсон.
„Ова обвинение не е точно. Такер Карлсон никогаш не бил разузнавачка цел на агенцијата и НСА никогаш немала планови ниту се обидела да ја откаже неговата програма”, објави НСА на својот профил на Твитер.

