Зои Пирс (26) страда од липоедем, невообичаена состојба што предизвикува таложење на масно ткиво, најчесто во бутовите, задникот и потколениците, а понекогаш и во рацете.
Оваа состојба, која предизвикува болка, влијае и на подвижноста, а Зои страда од неа веќе 11 години. И покрај тоа, Националниот здравствен систем на Велика Британија одбива да ги покрие трошоците за липосукција, што е единственото решение за овој проблем.
Причината поради која ја одбиле е тоа што за времето на апликацијата, пред две години, таа била во третата од 4-те фази на оваа состојба.
Сепак, таа забележува дека во текот на 11 години како се справува со оваа состојба, депозитите се акумулираат сè повеќе, што влијае на нејзините нозе, градите, рацете и колковите.
– Не можам да ја сменам оваа состојба со диета или вежбање, решението е само посебен вид на липосукција. Аплицирав, но тие ме одбија затоа што сметаат дека само од естетски причини сакав да го променам изгледот. Се плашам дека на крајот ќе завршам во инвалидска количка – вели оваа млада жена.
Говорејќи за симптомите, Зои вели дека се чувствува тешко, грдо, дека има вртоглавица, но особено истакнува дека оваа состојба е многу болна, иако прави се што може.
– Мислам дека имам прилично агресивен вид на оваа состојба, бидејќи гледам колку моите нозе добија тежина за краток временски период – вели Зои, која безброј пати се обидела да ја реши оваа состојба преку диета, но не успеала.
Оваа млада жена има профил на социјалната мрежа Инстаграм, каде ја подигнува свеста за оваа необична состојба, а ја следат 28.000 луѓе.
Што е липоедем и зошто се појавува?
Липоедемот е акумулирано масно ткиво, најчесто на бутовите, задникот и потколениците, а понекогаш и на рацете. Може да се појават отоци и болка, па дури можат да влијаат и на подвижноста и е многу ретка кај мажите.
Сè уште не е целосно јасно зошто се јавува липоедем, но се верува дека се јавува како резултат на генетика и хормонални промени што се случуваат за време на пубертетот, за време на бременост или менопауза.
Бидејќи маснотиите не се распределуваат рамномерно низ целото тело, честопати е тешко за жените кои страдаат од липоедем да купат облека, бидејќи големината што ја носат за горниот и долниот дел од телото значително се разликува.
Сето ова влијае на нивната самодоверба, и честопати недостасува енергија, како и ограничено движење.