Новогодишни песни ќе се слушаат на Градскиот плоштад во Куманово од Занаетчискиот дом до крајот на 2022 година.
На ваква идеја дошле од Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово која идејата ќе ја реализира со поддршка од Советот.
– На ваше барање, со поддршка од страна на Советот при Општина Куманово, Фондацијата за култура и спорт – Куманово секој работен ден, во текот на последната недела од 2022 година, покрај бројните културни манифестации, одлучи и да го заживее Градскиот плоштад со пригодна музика, која искрено се надеваме дека во сите вас ќе предизвика радост и ќе ја разбуди во вас, всушност, предновогодишната еуфорија, велат од Фондацијата.
Оттаму велат дека во текот на денот ќе се пуштаат новогодишни песни, а во попладневните часови ќе има и улични музичари, пејачи или инструменталисти.
– Во текот денот, доколку поминувате на Градскиот плоштад, ќе имате прилика да слушнете по некоја новогодишна песна, а, веќе во попладневните часови, кога ќе се уклучат и сијаличките, неретко ќе налетате и на по некој уличен музичар, пејач или инструменталист, кој слободно може да го поддржите со еден аплауз при поминување во центарот на градот, стои во соопштението.
Фондацијата за култура и спорт упатува честитки до граѓаните во пресрет на новогодишните празници.
Никола Ивановски